Достапни линкови

Брнабиќ: Ова не е спор на Србија и Хрватска, туку на фашизмот и антифашизмот


Српската премиерка Ана Брнабиќ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денес ја коментираше ситуацијата со размена на протестирани ноти меѓу Србија и Хрватска, изјавувајќи дека тоа повеќе не е спор меѓу две држави, туку конфликт меѓу фашизмот и антифашизмот.

„Јас не би се мешала понатаму во тие ноти, затоа што мислам дека взаемните ноти нè воведуваат во врзан круг во кој губиме јасна слика за тоа што се случи. А се случи тоа да нашата делегација, нашите млади кадети, отидоа да оддат почит на жртвите во Јасеновац, едно од најголемите страдалишта за време на Втората светска војна во Европа. Ова не е конфликт меѓу Белград и Загреб или Србија и Хрватска, туку е конфликт помеѓу фашизмот и антифашизмот“, изјави Брнабиќ.

Хрватското МНР соопшти вчера дека амбасадорката на Србија во Загреб, Мира Николиќ, одбила да прими протестна нота од Хрватска за „обидите за ненајавеното и нелегално влегување на припадници на српската армија“ во Хрватска.

Делегацијата на српската Војска во неделата беше спречена да влезе во Хрватска, на одбележувањето на Денот на Јасеновачките новомаченици. Српското Министерство за одбрана соопшти дека посетата е најавена и дека во багажот имало службени униформи, кои, како што кажаа, биле дозволени и во согласност со правилата на службата. Овој настан беше проследен со меѓусебни обвинувања од страна на српската и хрватската страна, која тврди дека дејствувала како сериозна држава.

XS
SM
MD
LG