Достапни линкови

Џафери: Ако има договор, веднаш ќе закажам седници за Јанева и за ЈО


Талат Џафери

Од исходот на лидерската средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, но таа мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември.

Доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, кој потенцира дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешување на Јанева.

„Во 20 часот ќе се одржи лидерска средба помеѓу премиерот и претседателот на опозицијата овде во Собранието и очигледно процедурално имајќи предвид дека тоа е најавено, како Собрание, сметам дека треба да се даде можност на лидерите да дојдат до конечно прифатливо решение за сите страни и во тој контекст ќе биде резултатот во однос на обврската за седницата. Во секој случај ќе почекаме како ќе завршат разговорите а од утре натаму не е спорно во кој било момент да се одржи седница за разрешување на Јанева“, изјави Џафери.

XS
SM
MD
LG