Достапни линкови

Здравев: Сите предмети од СЈО мора да се завршат


Предметите кои што веќе се во судска постапка судовите ќе си ги завршат, вели претседателот на Судскиот совет.

Сите предмети отворени од СЈО, независно во која фаза се наоѓаат, треба да добијат соодветна судско-обвинителска завршница, изјави денеска претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

„Моето мислење е дека сите предмети кои што се отворени од страна на СЈО мора да добијат краен епилог. Мора да има судска завршница. Се разбира дека предметите кои што веќе се во судска постапка судовите ќе си ги завршат, предметите кои што се обвинителска постапка, кои што не се завршени, обвинителите се тие кои што траба својот дел од работата да го сработат и да поднесат конкретни поднесоци, во смисла на обвинителен акт или предлози до судовите како би можеле и тие да постапат“, изјави Здравев.

Тој додаде дека сите постапки треба да се завршат и јавноста да биде навремено информирана.

XS
SM
MD
LG