Достапни линкови

Разрешен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски


Судскиот совет го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.

Точката за разрешување на Вангеловски, Судскиот совет на денешната седница, ја разгледа зад затворени врати. Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии. На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG