Достапни линкови

ЕСМ сака да учествува во „Белене“, може да вложи 2 милијарди евра


Модел за електраната Белене

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачески, потврди дека АД Електрани на Северна Македонија испратило писмо со намери за вложување во изградбата на бугарската нуклеарна електрана „Белене .

„Владата како државна компанија ни даде задолжение АД ЕСМ да биде носител на овој проект и на 22 август испративме писмо со намери да бидеме дел од малцинскиот акционерски капитал на оваа нуклеарна електрана со можноста до максимум 10 проценти на акционерки капитал и можноста да откупуваме базна енергија до 10 проценти во времетрањење на производството на оваа нуклеарна електрана“, рече Ковачески по денешната средба со министерот за економија, Крешник Бектеши .

Тој посочи дека капацитетот на нуклеарната електрана „Белене“ е проектиран на 2.000 мегавати што значи дека државата ќе може да искористи максимум 200 мегавати што е еквивалент на еден блок во РЕК Битола.

„Во моментов се уште ги немаме точните проценки колку би чинела изградбата на нуклеарната електрана, но можеби би стигнала и до 20 милијарди евра. Значи дека ние максимум би можеле да вложиме до две милијарди евра“, прецизира Ковачески.

Министерот Бектеши посочи дека Владата и АД ЕСМ покажале интерес и дека ќе купуваат 10 отсто од електричната енергија што ќе биде произведена во „Белене“.

XS
SM
MD
LG