Достапни линкови

Филипче: Нема повлекување на одлуката за невакцинираните деца


Венко Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека нема да има отстапки од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка. По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.

Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторар и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката. Во меѓувреме, и покрај почетокот на учевната година нема зголемување на бројот на заболени од морбили. Минатата недела биле регистрирани 5 случаи, сите деца кои не биле вакцинирани.

XS
SM
MD
LG