Достапни линкови

Приштина: ЦИК потврди 21 политички субјект за изборите


Косово, избори, илустрација

Централната изборна комисија на Косово потврди 21 политички субјект со вкупно 685 кандидати во трката за пратеници на предвремените парламентарни избори на 6 октомври во Косово. Вкупно се сертификувани 18 политички партии, две коалиции и еден независен кандидат. Сите политички партии и на предвремените избори ја почитуваат половата квота. Политичките партии имаа рок до полноќ в петокот да ги предадат во ЦИК кандидатските листи за пратеници.

XS
SM
MD
LG