Достапни линкови

Нетанјаху тврди дека Иран има таен објект за развој на нуклеарно оружје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје во регионот Абадех. За прв пат Нетанјаху откри каде би можел да се наоѓа објектот до кој дошле во иранските документи кои Израел ги пронајде и објави минатата година.

„Во овај објект Иран спроведува експерименти за развој на нуклеарно оружје“, изјави Нетанјаху, додавајќи дека се наоѓа во близина на градот Исфахан.

Според него, Иран го уништил објектот кога властите сфатиле дека е откриен од страна на Израел.

XS
SM
MD
LG