Достапни линкови

Франција и Русија во обид за обнова на односите


Францускиот министер за надворешни работи Жан- Ив Ле Дријан

Францускиот министер за надворешни работи Жан- Ив Ле Дријан денеска изјави дека дошло време да работат кон намалување на недовербата со Русија. Дријан и францускиот министер за одбрана Флоренс Парли одржаа средба во Москва со нивните руски колеги Сергеј Лавров и Сергеј Шоигу во таканаречениот формат „2 плус 2“ кој беше суспендиран по руската анексија на Крим во 2014 година.

„Дојдовме да предложиме, во името на претседателот на републиката, нова агенда на доверба и безбедност“, рече Дријан на заедничката прес-конференција.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека напредокот во обновата на односите е „можен и неопходен“.

Францускиот претседател Емануел Макрон кој минатиот месец беше домаќин на неговиот руски колега Владимир Путин ги обнови дипломатските контакти на високо ниво меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG