Достапни линкови

Фон дер Лајен го состави новиот тим на ЕК - 14 мажи и 13 жени


Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во ноември ќе го преземе управувањето со извршната власт во Брисел, го заврши составот на својот тим за следните пет години. Дер Лејен, која ќе го замени Жан-Клод Јункер, речиси постигна совршена полова рамноправност во идната Комисија, во која ќе има 14 мажи и 13 жени, што до сега не бил случај, пишуваат новинските агенции.

Фон дер Лајен утре попладне ќе го претстави списокот со имињата на идните еврокомесари и ќе ги соопшти деталите околу распределбата на одговорностите во новата Европска комисија. Нејзиниот тим мора прво да биде одобрен од Европскиот парламент.

XS
SM
MD
LG