Достапни линкови

Британскиот Парламент суспендиран до 14 октомври


Британската влада потврди дека Парламентот ќе биде суспендиран од денеска до 14 октомври, објавија британските медиуми и светските новински агенции. Владиниот портпарол, Џејмс Селек, рече дека парламентот ќе биде распуштен или суспендиран на крај од работниот ден, пренесува новинската агенција „Асошиејтед Прес.“

Со суспензијата се ограничува можноста парламентот да ги попречи плановите на Џонсон околу методитe за брегзит. Тој го држи ставот дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ, со или без договор со Брисел, на 31 октомври.

XS
SM
MD
LG