Достапни линкови

Малиќи: Распитот на Мета е шоу за негова дискредитација


Албанскиот претседател Илир Мета

За распитот на албанскиот претседател Илир Мета, пред анкетната собраниска комисија, која испитува дали го прекршил Уставот, независниот пратеник во албанскиот парламент, Лефтер Малиќи вели дека е „шоу на владејачките социјалисти“, објавија новинските агенции.

Соред него, тоа се први за медиумска дискредитација на претседателот. Малиќи смета дека доколку Мета не ја повлечел уредбата за локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни, тогаш „во Албанија ќе имало судири и крвопролевање”.

„Она што ќе го слушнете денеска од претседателот на комисијата, Улси Мања, крадецот на гласови во Пешкопеја е шоу. Апелирам до меѓународните претставници и чесните социјалисти да ја стопираат оваа авантура“, изјави Малиќи.

XS
SM
MD
LG