Достапни линкови

Путин изгубил третина од местата во московскиот Парламент


Владејачката „Единствена Русија“ на рускиот претседател Владимир Путин изгуби околу една третина од местата во московскиот градски парламент, по што станува неизвесно кој ќе ја има власта во руската метропола, пренесуваат светските новински агенции.

Според првичните резултати, по преброени 99,47 отсто од гласовите, од вкупно 45 места во московската Дума, „Единствена Русија“ освоила 28, Комунистичката партија 14, а „Јаблоко“ и „Правична Русија“ по три места. Според Централната изборна комисија, одзивот на вчерашните локални и регионални избори бил низок и изнесувал само 21,69 отсто. Првичните резултати покажуваат јасна победа уште во првиот круг за кандидатите на власта во 16-те региони каде се избираа гувернери. Премиерот Дмитриј Медведев изјави дека партијата „Единствена Русија“ ја сочувала водечката позиција.

Во Русија вчера беа спроведени и локални и регионални избори на кои се избира гувернери, законодавни собранија, градски парламенти и градоначалници.

XS
SM
MD
LG