Достапни линкови

За изборите во Косово се пријавиле 13 илјади лица од дијаспората


илустрација

Три дена пред истекот на законскиот рок, Централаната изборна комисија на Косово примила околу 13 илјади барања од дијаспората за регистрирање како гласачи на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври. Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези изјави дека рокот за пријавување на гласачите од дијаспората започнал на 30 август и трае до 10 септември на полноќ. За разлика од изборите од 2017 година, кога рокот за пријавување беше осум дена, на овие избори тој е продолжен на 12 дена.

XS
SM
MD
LG