Достапни линкови

Шефот на агенцијата за атомска енергија во Техеран


Корнел Ферута, вршител на должноста шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Шефот на организацијата за нуклерана енергија на Обединетите нации Корнел Ферута треба да се сретне со високи претставници на иранските власти, откако Техеран покажа дека има план да започне со употреба на напредни центрифуги, кои се забранети со нуклеарниот договор во 2015 година.

Иранската државна телевизија денеска емитуваше видео на Корнел Ферута, вршител на должноста шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија, во Техеран. Ферута треба да се сретне со Министерот за надворешни работи Мохамед Зариф и шефот на Иранската организација за атомска енергија.

Посетата на Ферута се случува еден ден откако Иранската организација за атомска енергија соопшти дека ќе започне со употреба на два вида на напредни центрифуги.

Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор пред повеќе од една година и постојано бара економски и воен притисок врз Иран.

Техеран, исто така, се обидува да изврши притисок врз Европа да понуди начин за продажба на сурова нафта во странство и покрај санкциите на САД.

Атомската агенција на ООН соопшти дека нејзините инспектори се подготвени да ја проверат усогласеноста на Иран.

XS
SM
MD
LG