Достапни линкови

Мицотакис за заштитата на производите со називот „македонски производи“


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на 84-от Меѓународен саем во Солун вчера ја претстави владината програма за следните 12 месеци, соопштувајќи мерки во неколку области поврзани со развојот и најави даночни олеснувања што ќе бидат вклучени во буџетот за 2020, jави МИА

Во 75-минутното обраќање, тој акцентот го стави на развојот и економијата, како клучни за секој чекор на земјата, но и услов за безбедноста и просперитетот.

При крајот на обраќањето, во делот од говорот што се однесуваше на Северна Грција, Кирјакос Мицотакис се осврна и на промоцијата, заштитата и зајакнувањето на производите што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“.

XS
SM
MD
LG