Достапни линкови

Заев: Ние сме пример кој другите сакаат да го следат


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска на прославата по повод Денот на независноста 8-ми Септември во своето обраќање од Градскиот парк рече дека државата својата независнот ја потврдува во најмоќниот воено безбедносен сојуз – НАТО и како кандидат за членство во најсиланта економска заедница на светот ЕУ.

"Нашата татковина која денес го носи името Република Северна Македонија. Земја која станува членка на НАТО и се интегрира во ЕУ. Тоа е нашата земја нашата убавина под различности" истакна Заев.

Тој го повтори ставот дека со Договорот од Преспа со кој на земјата и се отвори патот кон евроатланските и европските аспирации е гарантиран и зајакнат иденитетот.

„Јазикот се користи слободно секаде, нашиот идентите е потврден и зајакнат. Нашето државјанство е македонско. И денеска и во секоја наредна прилика упатувам благодарност до сите наши сограѓани, што покажаа другарско и братско разбирање. Овие мостови кои ги градиме денес се крвоток на нашата заедничка иднина" рече Заев

Обраќајки се од бината Школка тој рече дека ова место како да има некаква симболика.

"Дваесет и осум години по независноста, оваа наша земја конечно се отвора. Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјае. Од држава со многу проблеми, сега сме позитивен пример кој другите сакаат да го следат. Гордост европска. Пријатели сме со сите, ја зајакнуваме соработката. Не треба да им подлегнеме на емоциите. Ако рационално размислиме, ништо не губиме. Од нас зависи колку ќе постигнеме во иднина, рече Заев

Заев нагласи дека секој треба активно да вложува во развојот на својата земја.

XS
SM
MD
LG