Достапни линкови

Трамп ги откажа авганистанските мировни преговори


Претседателот на САД, Доналд Трамп


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ja откажал тајнатa средба надвор од Вашингтон, со лидерите на Талибанците и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, откако во експлозија на автомобил-бомба во Кабул загинаа 12 лица, меѓу кои и американски војник.

Во серија твитови денеска, Трамп рече дека планирал да одржи разговорите со двете страни во „Камп Дејвид“,во близина на Мериленд.Но, Трамп ги обвини Талибанците дека се обидуваат да ја зголемат својата преговарачка моќ со извршување на автомобилскиот бомбашки напад од 5 септември што се случи во соседството во кое се наоѓаат амбасади, владини згради и локалното седиште на НАТО.

„Ако тие не можат да се договорат за прекин на огнот за време на овие многу важни мировни преговори, и дури беа убиени 12 невини луѓе, тие веројатно немаат моќ да преговараат за договор“, рече Трамп во твитот.

XS
SM
MD
LG