Достапни линкови

Јанушев: Експерти имаат исти ставови со ВМРО ДПМНЕ за СЈО


Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ

"Професорот Гордан Калајџиев изјавува дека на крај излегло дека СЈО служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ и дека намерата на Владата е СЈО да згасне, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

До ова доаѓа откако вчера Јавното обвинителство соопшти дека ги презема во надлежност и натамошно постапување предметите од СЈО.

Јнаушев смета дека ставовите на дел од правните експерти за СЈО се ставовите за кои зборувале и ВМРО ДПМНЕ.

Инаку во петокот без договор за законот за Јавно обвинителство заврши средбата на работните групи на власта и опозицијата, а разговорите треба да продолжат во вторник.

XS
SM
MD
LG