Достапни линкови

Во Сараево протестна прошетка пред утрешната Парада на гордоста


Илустративна фотографија. Сараево.

Илјадници граѓани присуствуваат на прошетката низ центарот на Сараево која започна во 14 часот, и е наречена "Традиционален ден на семејството".

На почетокот на прошетката, организаторите ги предупредија учесниците дека митингот мора да се одржи мирно, без навреди и извици, a учесниците на митингот носеа розова и сина боја.

Тие носеа и транспаренти на кои што пишува , „Зошто не се почитува волјата на мнозинството“, „Поддршка за биолошки опстанок“, „Силата на нацијата почива во интегритетот на семејството“ и слично.

Митингот е организиран како протест на првата Парада на гордоста во Босна, закажана за утре.

XS
SM
MD
LG