Достапни линкови

Ослободените затвореници пристигнаа во Украина и Русија


Ослободените затвореници пристигнуваат во Украина

Седумдесет Руси и Украинци кои се дел од размена на затворениците меѓу двете држави пристигнаа во Москва и Киев.

Размената, што беше направена денеска, според набљудувачите, може да го отвори пат за нови разговори за прекинување на петгодишната војна меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

Претседателот Влодимир Зеленски и собраните граѓани ги поздравија 35 те ослободени Украинци на Меѓународниот аеродром „Борсил“. Меѓу нив беше и Оле Сенцов, филмски режисер осуден од Русија за обвиненија за тероризам по инвазијата на Крим. Дел од арзмената беа и 24 украински морнари заробени минатата година од Русија, во близина на Керчскиот теснец.

Зеленски го нарече ова „прв чекор“ кон прекинување на конфликтот и „прво поглавје“ во новите односи со Русија.

Во Москва, меѓу 35-те ослободени лица се новинарот на РИА Новости Кирил Вишински и украинскиот државјанин Володимир Цемах, „личност од интерес“ на меѓународни истраги за летот 17 на „Малезија ерлајнс“ (ММ17), во кој загинаа 298 лица во 2014 година.

Четириесет члена на Европскиот парламент оваа недела побараа од Украина да не го вклучува Цемах во размена, нарекувајќи го „клучен осомничен“. Украинскиот претседател рече дека Цемах бил предаден по неговото сослушување неколку часа од Здружениот истражен тим предводен од Холандија (ЈИТ) кој веќе обвини четири лица за нивните наводни улоги во трагедијата во МХ17 над територијата под контрола на Украина

XS
SM
MD
LG