Достапни линкови

Болтон: Иранскиот танкер со нафта е во сириското пристаниште


Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.


Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека иранскиот танкер со нафта кој беше ослободен минатиот месец од Гибралтар, а сè уште го бараат американските власти, пристигна во сириското пристаниште Тартус.

Болтон денеска твитна сателитска слика со датум од 6 септември, која се чини дека го прикажува неодамна преименуваниот Адријан Дарија крај брегот на Тартус.

„Секој што ќе рече дека Адријан Дарија не се упатил кон Сирија се негира“, напиша Болтон на Твитер.

Техеран со месеци инсистираше на тоа дека танкерот, кој порано беше наречен Грејс 1, не бил поврзан со Сирија.

Властите во Гибралтар во јули го запленија танкеро, под сомнение дека носи нафта во Сирија, прекршувајќи ги санкциите на ЕУ, а го ослободија неколку недели подоцна.

XS
SM
MD
LG