Достапни линкови

По пожарите на Скопска Црна Гора опозицијата бара пошумување


Илустрација. Пожари.

Советниците на ВМРО ДПМНЕ предлагаат Градот Скопје и Владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора.

Советничката Јелена Жугиќ, денеска на пресс конференција рече дека треба да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани во висина од над 700 илјади евра, а Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија.

„Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба“, рече Жугиќ.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, исто така, предлага при гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата.

XS
SM
MD
LG