Достапни линкови

Вучиќ: Разбирам дека Хрватите не сакаат да се сеќаваат на своето минато


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Никинци рече дека за тврдењето дека на делегацијата на српската армија не и било дозволено да влегува во Хрватска „нема конкретен коментар“, но разбира дека Хрватите не сакаат да се сеќаваат на своето минато и што се случило во Втората светска војна, пренесуваат агенциите.

Вучиќ присуствуваше на демонстративно-тактичката вежба „Враќање 2019“ на Специјалната единица за борба против тероризам, жандармеријата и хеликоптерската единица на српскиот МУП во Никинци, со претставници на МУП и српските вооружени сили.

Претходно агенциите објавија дека Хрватска денеска спречи делегација на Војската на Србија да влезе во земјата. Од Министерството за одбрана на Србија за „Танјуг“ соопштиле дека делегацијата требало да присуствува на одбележување на денот на светите Јасеновачки новомаченици и дека била најавена.

XS
SM
MD
LG