Достапни линкови

„Стандард и Пурс“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг


Илустративна фотографија. Пари, денари.

Министерството за финансии соопшти дека Агенцијата „Стандард и Пурс“ повторно го потврди кредитниот рејтинг на државата со ББ-стабилен изглед.

„Стандард и Пурс“ очекува во следните месеци да отпочнат преговорите за членство во ЕУ, што би влијаело на забрзување на реформите и подобрување на институционалниот капацитет на земјата.

Според агенција економијата продолжува да расте и во текот на 2019 година (4,1% во прв квартал 2019), движена од растот на потрошувачката и инвестициите.

Агенцијата проектира просечeн економски раст од околу 3% до 2022 година, поддржан од зајакнувањето на институционалните капацитети во рамки на процесот на пристапување во ЕУ.

Буџетскиот дефицит се очекува да биде просечно околу 2,5% во периодот по 2019 година. Агенцијата го оценува јавниот долг како умерен во глобален контекст и оценува дека иако долгот ќе расте до 2022 година, понатаму ќе се стабилизира на ниво од околу 45%.

„Според Агенцијата, подобрување на кредитниот рејтинг може да следи со навременото имплементирање на реформите, зајакнување на институционалната поставеност и подобрување на економските перспективи. Од друга страна, враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, можат негативно да се одразат врз кредитниот рејтинг“, се наведдува во соопштението.

XS
SM
MD
LG