Достапни линкови

Иран започна со активности за збогатување на ураниум


Иран почна да инјектира ураниумски гас во напредни центрифуги, потег со кој се прекршува нуклеарниот договор на земјата од 2015 година со светските сили, соопшти иранскиот портпарол за нуклеарната енергија Бехруз Камалванди

„Во моментов не ни требаат, но развивањето нови типови на центрифуги е на нашата агенда“, изјава тој пред новинарите.

Камалванди, портпаролот на иранската Организација за атомска енергија, ова го соопшти денеска, два дена откако Техеран сигнализираше дека ќе преземе дополнителни чекори што ќе го оддалечат од договорот, од кој САД се повлекоа минатата година, но другите големи потписнички се обидоа да го спасат.

Техеран со години инсистира дека, и покрај западните обвинувања и индикациите за тајни воени цели, иранските нуклеарни амбиции се само цивилни.

Според агенциите, Камалванди рекол дека Иран „ќе ја продолжи соработката со меѓународната нуклеарна агенција во оваа нова фаза и нема да го ограничи пристапот на инспекторите на ИАЕА до иранските објекти“.

XS
SM
MD
LG