Достапни линкови

Размена на затвореници меѓу Русија и Украина


Николај Полозов, адвокат, кој го предводи тимот на одбраната на 24 украински морнари заробени минатата година.

Руската државна телевизија објави снимки од автобуси кои го напуштаат затворот Лефортово во Москва, јавуваат агенциите наведувајќи дека во нив се превезуваат лица за размена на затвореници со Украина.

Според информациите што ги објавуваат агенциите автобусите пристигнале на аеродромот Внуково, каде што слетал и авион со украински државни ознаки.

Николај Полозов, адвокат, кој го предводи тимот на одбраната на 24 украински морнари заробени минатата година од Русија во близина на Керчскиот теснец, на својот профил на Фејсбук напиша: „Сега можеме да кажеме дека процесот е во тек“.

Агенциите ја цитираат изјавата на Полозов дека „ очекува морнарите да пристигнат во Украина „во следните неколку часа“.

Нема информации за идентитетот на другите затвореници кои се веројатно вклучени во размената

XS
SM
MD
LG