Достапни линкови

Во Солун обраќање на Мицотакис и низа протести


Архива. Протести во Грција.

Со низа протести, меѓу кои еден и против Договорот од Преспа, со обраќање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и под силни безбедносни мерки денеска се отвора 84-то издание на Меѓународниот саем во Солун, jави МИА од Атина.

Мицотакис, како и секоја година, со традиционалниот говор на отворањето ќе ги открие следните чекори и активности на неговата влада, а паралелно исто така традиционалано ќе се одржат и протести. Оваа година до сега закажани се најмалку шест собири, меѓу кои заедничкиот протест на двата најголеми синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, Синдикатот на Комунистичката партија, а свои собири закажаа левичарски здруженија, партии и организации и анархистички групи. Одделен протест преку социјалните мрежи организираат лица кои се против Договорот од Преспа.

За безбедноста ангажирани се 3000 полициајци, а исто така ангажирани се специјални единици кои од Атина пристигнаа во Солун.

На Меѓународниот саем што ќе се одржи од 7 до 15 септември под мотото „Претприемништво, иновации и екстровертност“, ќе учествуваат 1600 изложувачи. Претставници ќе има од 18 земји, а Индија е почесна земја.

XS
SM
MD
LG