Достапни линкови

Турска опозициска активистка осудена на скоро десет години затвор


Илустрација - знаме на Турција.

Турска опозициска активистка е осудена на девет години и осум месеци затвор поради повеќе дела, меѓу кои навредување на претседателот и ширење на терористичка пропаганда, соопшти главната опозициска партија Републиканска народна партија.

Судот ја осуди Канан Кафтанчоглу, откако во обвинението се цитираа неколку нејзини објави на Твитер која ги напишала во периодот од 2012 до 2017 година. Обвинетата има право на жалба, а градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу изјави дека верува оти повисоките судови ќе ја поништат пресудата птотив Кафтанчоглу.

XS
SM
MD
LG