Достапни линкови

Србија нема да го признае Косово без компромисен договор, изјави Вучиќ


Фотографија од прес-конференцијата на претседателот Александар Вучиќ со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи во Белград

Србија не може да ја признае независноста на Косово, доколку не се дојде до компромисно решение, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Нашата позиција воопшто не е лесна. Албанците очекуваат да добијат потврда за она што мислат дека го имаат. И тие не се ни малку подготвени да се согласат затоа што ќе треба да признаат дека никогаш нема да им биде консолидирана државата без Србија. Секако најголемиот притисок ќе биде врз Србија. Но, Србија не може да ја признае независноста доколку не се постигне компромисно решение. И тука нема некоја филозофија. И може да не мачи кој и да сака“, рече Вучиќ на прес-конференција.

Тој, по разговорите со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи кои беа во Белград поради дијалогот со приштина, повтори дека Србија сака да постигне компромисен договор со Приштина, но дека договорот не би можел целосно да ги исполни целите на една страна без српската страна да добие ништо.

XS
SM
MD
LG