Достапни линкови

Џонсон: Не ни помислувам на оставка, излегуваме на 31 октомври


Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не е подготвен ниту да размислува за оставка и дека ќе замине во Брисел, ќе обезбеди договор и Велика Британија ќе излезе од ЕУ на 31 октомври.

„Тоа не е хипотеза за која сум подготвен да размислувам“, изјави Џонсон на новинарско прашање дали ако пропадне неговиот план за излегување од ЕУ ќе си поднесе оставка.

Џонсон во вторникот претрпе голем пораз во Парламентот, бидејќи противниците меѓу неговите ториевци и опозициските пратеници гласаа за преземање контрола врз излезот на Велика Британија од ЕУ.

XS
SM
MD
LG