Достапни линкови

Британската опозиција на разговори за датум за избори


Новинските агенции и британските медиуми пренесуваат дека Борис Џонсон инсистира на избори на 15 октомври.

Лабуристичката партија ќе ги продолжи разговорите со останатите опозициски партии во Велика британија за нивна поддршка и можен датум за генерални избори, соопшти портпаролот за надворешна политика Емили Торнбери.

Новинските агенции и британските медиуми пренесуваат дека Борис Џонсон инсистира на избори на 15 октомври, две недели пред рокот што Велика Британија го има за напуштање на ЕУ, додека опозициските партии разгледуваат кој датум е најприфатлив за нив.

„Мораме да бидеме сосема сигурни дека нема да дојдеме во ситуација изборите да се искористат како попречувачки фактор што владата би го искористила за излегувањето од ЕУ без договор“, вели Торнбери.

На прашањето кој датум лабуристите би го поддржале, таа кажа дека тоа ќе биде предмет на дискусија, не само во нејзината партија, туку и со другите партии.

XS
SM
MD
LG