Достапни линкови

Го нема писмото за активирање на оставката на Јанева


Комисијата за избор и именување вчера едногласно препорача разрешување на Јанева.

Советот на јавни обвинители не го добил дописот за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, ниту пак имале сигнали дека ќе го добијат, откако вчера дел од медиумите објавија дека Јанева дописот го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“, објави МИА.

„Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена“, вели за МИА, Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.

Собраниската Комисија за избор и именување вчера едногласно препорача разрешување на Јанева поради „несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата“.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

XS
SM
MD
LG