Достапни линкови

Одложен „Таргет-Тврдина“, судот не можел да го најде сведокот Верушевски


Сашо Мијалков на рочиште за „Таргет-Тврдина“

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, односно случајот за незаконското следење на комуникациите, се одложува за 23 септември поради отсуство на сведокот Зоран Верушевски, предложен од СЈО.
Судијката Џенета Бегтовиќ на почетокот на денешното рочиште информира дека сведокот Зоран Верушевски, не е присутен, наспроти напорите на судот да го извести на адресата на живеење и на работното место во Влада.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК, предложен о СЈО. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата на вкупно 5.827 телефонски броеви била следена пред да бидат издадени судските наредби и по завршување на траењето на нивната важност. Прислушувани биле над 20.000 граѓани.

XS
SM
MD
LG