Достапни линкови

Харадинај: Американските сенатори не ни побараа компромис со Белград


Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, изјави дека на средбата со американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи од него не било барано да се пронајде „одреден компромис“ во односите со Белград.

„Не беше баран одреден компромис со Србија. Ја искористив приликата да потврдам дека Косово е стоотстотно суверена држава и дека сме подготвени да постигнеме договор со Србија за меѓусебно признавање во постојните граници, доколку тие бидат подготвени на тоа“, изјави Харадинај за „Косовапрес“, а пренесе МИА.

Харадинај додаде дека „разбирливо е во случај на спогодба да дојде до обновување на трговските односи меѓу Белград и Приштина“.

XS
SM
MD
LG