Достапни линкови

Денеска судење за четири предмети на СЈО


Предметите „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и повторената постапка за „Триста“ на СЈО се закажани за денеска во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта.

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО. На минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК.

Во судот денеска е закажано ново рочиште и за предметот „Топлик“ во кој првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. Покрај него, осомничени се уште пет лица.

Во предметот на „Тарифа“ обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Во „Триста“ обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG