Достапни линкови

Умре Роберт Мугабе


Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе

Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе умре на 96 годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Контроверзниот Мугабе кој владееше во Зимбабве 37 години беше национален херој од борбата за ослободување на земјата од колонијалното владеење. Познат е по неговите жестоки навреди кон Западот, неговите противници и новинарите. Тој поднесе оставка од функцијата откако војската излезе на улиците по протестите на граѓаните во ноември 2017 година.

XS
SM
MD
LG