Достапни линкови

ОН ќе испратат храна на Бахамите по ураганот Доријан


Бахамските острови по налетот на ураганот Доријан

Обединетите нации наскоро ќе испратат осум тони помош во храна на Бахамските острови по налетот на ураганот Доријан, додека Светската програма за храна смета дека помошта им е потребна на 76.000 луѓе. Обединетите нации најавија дека во наредните три месеци ќе достават дополнителна помош од 85 тони храна. Во ураганот Доријан загинаа околу 30 луѓе. Но, тамошните власти страхуваат дека бројот на жртвите би можело да биде поголем. Ураганот Доријан се движи кон источниот брег на САД со намален интензитет.

XS
SM
MD
LG