Достапни линкови

Колевски: Оставка на Јанева денеска не стигна во Советот


Архивска фотографија, приведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски вели дека дека до крајот на работниот ден на Советот, немаат добиени никаков допис од специјалната обвинителка Катица Јанева, но вели дека е можно да пристигне во текот на утрешниот ден и дека не може да ја соопшти содржината.

Ова следува откако дел од медиумите објавија дека со ново писмо рачно напишано специјалната обвинителка Катица Јанева од притворот КПУ „Затвор Скопје “ го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која соопшти дека ја поднесува на 15 јули.

„Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле“, изјавил Колевски за новинската агенција МИА.

Оваа информација доаѓа откако денеска собраниската комисија за избори и именување едногласно донесе одлука за предлог за нејзино разрешување на пленарна седница.

Претходно претседателот на комисијата Илија Димовски пред почетокот на седницата изјави дека и доколку денеска Јанева си поднесе оставка тоа нема да смени ништо во процедурата.

„Дури и госпоѓата Јанева да поднесе оставка таа оставка ќе мора да дојде во Собрание и да се отпочне иста процедура. Таа оставка ќе мора да стигне до господинот Џафери, тој ќе мора да ја достави до Комисијата па Комисијата ќе мора повторно да ја разгледува таква постапка, па да Собранието да расправа, па ќе може да предложи до Советот на јавни обвинители финално да ја констатира оставката. Тоа би било апсолутно непотребен дриблинг на процедурите, а тие се идентични како и при постапката разрешување,“ изјави денеска Димовски.

Јанењва претходно до СЈО и Јавното обвинителство од притвор испрати полномоштво со кое ги овластува тимот на специјални обвинители да ги испратат сите предмети во рацете на државниот јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG