Достапни линкови

Драгнеа и неговите деца на „црната листа“ на САД


Архивска фотографија, илустрација

Стејт Департментот воведе забрана за патување во САД за поранешниот лидер на романската владејачка Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа и членовите на неговото семејство поради вмешаност во „значителна корупција“. Во соопштението е наведено дека неговите деца Валентин и Марија немаат право на влез во САД.

„ Денешната одлука испраќа силен сигнал дека САД се посветени на борбата против корупцијата и владеењето на правото во Романија“ се вели во соопштението.

Драгнеа минатата година беше осуден под обвинение дека го злоупотребил неговото влијание за да обезбеди лажни работни места за две жени кои во тоа време работеле во неговата партија.Претходно Драгнеа имаше условна казна затвор за друго дело, изборна измама од 2012 година. Таа казна го спречи во 2016 година да стане премиер по победата на изборите.

XS
SM
MD
LG