Достапни линкови

Јовески на консултации во министерство за правда


Јавниот обвинител Љубомир Јовески

Министерката за правда Рената Дескоска денеска на својот фејсбук профил сподели фотографија од средбата со неколку правници за Законот за Јавното обвинителство.

На фотографијата именувана како консултации за Законот за Јавното обвинителство со работната група се обвинителката од СЈО Ленче Ристоска, државниот обвинител Љубомир Јовески и академикот Владо Камбовски.

Ова следува откако вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ „Затвор Скопје“ како осомничена за случајот „Рекет“, испрати писмо со полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство сè уште го разгледува прашањето дали да ги прифати предметите на Специјалното јавно обвинителство, информираат од ЈОРМ.

Во Јавното обвинителството, како што е наведено во соопштението, примено е и известување со барање информации од СЈО, во кое е приложено и доставеното полномошно.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за него власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

XS
SM
MD
LG