Достапни линкови

Хан бара итно да се формира Влада на БиХ


Еврокомесарот Јоханес Хан денеска го повика Претседателството на БиХ да го охрабри политичкото раководство на земјата што побрзо да го спроведе договорот од 5 август и да го формира Советот на министри, односно Влада и со тоа да го осигура евроинтеграцискиот пат на државата.

„Очекувам тие да ја исполнат својата одговорност и да го продолжат дијалогот со цел да го назначат Советот на министри без дополнително одложување, речиси една година по изборите“, вели Хан и додава дека тоа треба да се спроведе врз основа на мислењето на Европската комисија за апликацијата на БиХ за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG