Достапни линкови

Путин: Му понудив на Трамп да им продадеме хиперсонично оружје


Фотографија од протест во Германија против прекинот на нуклеарниот договор меѓу Русија и САД

На Источниот форум во Владивосток, рускиот претседател Владимир Путин откри дека му понудил на неговиот американски колега Доналд Трамп, Русија да им продаде на САД хиперсонично оружје, објавија новинските агенции.

„Му реков на Доналд следново: Ако сакате, можеме да ви продадеме оружје и на овој начин ќе изедначиме сè. Но, тие велат дека ќе го произведат наскоро сами. Тој веројатно ќе успее, но зошто да се изгубат пари кога веќе ги потрошивме и можеме да добиеме нешто назад без да ѝ наштетиме на нашата безбедност, туку да создадеме рамнотежа“, рекол путин на Форумот.

XS
SM
MD
LG