Достапни линкови

Нетанјаху: Не преговарајте со Иран, туку притиснете го


Нетанјаху ја даде изјавата по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон

Не е време за разговор со Иран туку е време да се притисне, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ги повика светските сили да не почнуваат дијалог со Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за состанок со иранскиот колега со цел да се реши кризата околу нуклеарната програма на Техеран и воведените санкции.

„Не е време за разговор со Иран. Ова е време за зајакнување на притисокот врз Иран“, изјави Нетанјаху на лондонскиот аеродром.

Оваа изјава на Нетанјаху е една од ретките која е спротивна со ставот на Трамп околу иранското нуклеарно прашање, пишуваат новинските агенции. Трамп вчера остави отворена можност за состанок со иранскиот претседател Хасан Рохани на претстојното Генерално собрание на ОН во Њујорк.

XS
SM
MD
LG