Достапни линкови

Косово ја укина забраната за македонски компир и мед


Министерот за економија, Крешник Бектеши

Македонскиот министер за економија, Крешник Бектеши, информираше дека Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Северна Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба. Тој на прес-конференција во Владата, додаде дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

„Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја“, рече Бектеши и додаде дека штетата од косовската забрана за македонски компир и мед е нула.

XS
SM
MD
LG