Достапни линкови

10 години од бродската несреќа во Охридското езеро


Во Охрид денеска беше одбележана 10-годишнината од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи. Пред споменикот на жртвите на кејот „Македонија“ се поклонија делегации на Општина Охрид, на Амбасадата и Конзулатот на Бугарија, претставници на охридската Капетанија и на Здружението на граѓани „5 септември“, како и граѓани на Охрид.

Амбасадор Ангел Ангелов во име на Република Бугарија рече дека е уверен оти се извлечени повеќе поуки од големата несреќа на Охридското Езеро.

„За сите нас на Балканот е важна модернизацијата. Членството во ЕУ и НАТО ги утврдува прописите за безбедност на сообраќајот на езерото, а очигледно е дека за десет години од трагичниот настан значајно е подобрена состојбата со бродската флота на езерото. Самата несреќа е дел од заедничката историја на Бугарија и Република Северна Македонија, независно дали е за добро или лошо. Позитивно е што двете држави покажуваат единственост во нивниот однос кон една трагедија“, рече Ангелов.

XS
SM
MD
LG