Достапни линкови

Бомбите од СЈО за „Монструм“ на 18 септември, ќе се чистат од интимни разговори


Судењето за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско Езеро ќе продолжи на 18 септември, до кога снимките ќе бидат „прочистени“ од вулгарности и интимни разговори.

Судијата Огнен Ставрев денеска прочита дел од материјалните докази, а поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева за неколку дена да биде јасна, за наредното рочиште најави дека ќе се слушаат разговорите од „бомбите“.

Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, пак, во изјава за медиумите рече дека причината за одложувањето на слушањето на „бомбите“ е тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева ги овласити специјалните обвинители со полномошно сите докази од СЈО да бидат предадени на ЈО.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

XS
SM
MD
LG