Достапни линкови

Американски сенатори во Приштина за дијалогот со Белград


Американските сенатори Рон Џонсон и Крис Марфи во Приштина, 04.09.2019.

Двајца американски сенатори, републиканецот Рон Џонсон и демократот Крис Марфи, престоујваа вчера на Косово, каде што со државните челници разговарале за можностите за обновување на дијалогот со Србија за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу двете земји. Во изјава за новинарите пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина, каде што беа одржани некои од разговорите со домашните политички лидери, сенаторот Џонсон рече дека постигнувањето решение по пат на дијалог меѓу Косово и Србија „ќе биде клуч за успехот за иднината на регионот“. Сенаторот Марфи изјави дека „постојат посебни односи меѓу САД и Косово“ и додаде дека иднината на земјата е „во заедништвото со пријателите од европската заедница и со сите американски и трансатлантски бизниси кои можат да бидат партнери во економскиот успех на Косово“.

XS
SM
MD
LG