Достапни линкови

Убиени седум милитанти во Пакистан


Еден од повредените полицајци во операцијата против милитантите во Куета

Пакистанските безбедносни сили убиле четворица осомничени милитанти, како и една жена за време на операција во градот Куета. Според полицијата, двајца други милитанти загинале кога го активирале експлозивот на нивните самоубиствени елеци.

Шест полицајци биле повредени во престрелката со милитантите, а еден од нив подоцна починал во болница. Куета често е цел на терористички напади.


XS
SM
MD
LG