Достапни линкови

Амбасадорите на ЕУ ги продолжија санкциите против Русија


Илустрација

Амбасадорите на ЕУ денеска се согласија за продолжување на санкциите против 170 руски претставници и украински сепаратисти, како и против 44 субјекти на дополнителни шест месеци. Мерките кои вклучуваат замрзнување на имот и забрана за издавање на визи треба формално да бидат одобрени наредната недела, според дипломати, кои не биле овластени да зборуваат јавно.

Санкциите беа воведени по руската анексија на полуостровот Крим во март, 2014 година и продолжија наредните години поради поддршката на Москва на сепаратистите во источна Украина. Меѓу имињата на листата се рускиот амбасадор во САД, Анатоли Антонов и вицепремиерот Дмитри Рогозин.

XS
SM
MD
LG